Никој не се појави на отварањето на продавницата на Клои Кардашиан

Каков дебакл, Клои отвори нова продавница за нејзиниот бренд „Good American“, но никој не се појави на отварањето.

клои

Кога Кајли Џенер отвори продавница во Сохо Њујорк, улиците беа преплавени од обожаватели. Кога Ким и Кајне ја отвараа својата продавница „Pablo”, луѓето чекаа два дена на големиот студ, да бидат први што ќе ги имаат нивните парчиња.

клои

Така се очекуваше кога и Клои најави дека ќе отвара продавница за својот бренд „Good American “. Сепак се случи спротивното, улиците беа празни. Не помогна ни тоа што лично Клои дојде да ги продава своите парчиња. Продавницата беше отворена од 10 часот до 19 часот, но фотограферите не видоа никого. Дури имаше и полицајци, службеници за да чуваат ред, но буквално немаа никаква работа.

клои

Потпаролот на Клои негираше дека полицајците биле за Клои:
„Барикадите беа поставени од полицијата во Њујорк и тие немаа никаква врска со продавницата. На денот на отварање, продавницата ја посетија 2300 луѓе.“ изјави нејзниот потпарол.

Сподели го ова преку:
  • 15
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!