Најубавата љубовна приказна со тажен крај

Најубавата љубовна приказна од Холивуд, е на Лиам Нисон и Наташа Ричардсон тие имаа идиличен брак, се до кобната несреќа.

Лиам

Ниту денес, откако поминаа осум години од несреќата која се случила на скиење и за актерката беше смртоносна, Лиам се уште неможе да се опорави од тоа дека неа ја нема.

„Никогаш не се помирив со нејзината смрт, ниту сакам, се уште верувам кога се отвара вратата, дека ќе влезе и ќе сака да ми каже нешто.“ вели Лиам, за емисијата 60 минути.

А нивната љубовна приказна била како филмско сценарио, Лиам и Наташа се запознале во 1993 година во Бродвеј, каде што и двајцата глумеле во иста престава. Хемијата неможеле да ја скријат и кога глумеле во преставата.

лиам

„Работев со него, тоа што медумите почнаа да пишуваат дека има хемија меѓу нас беше во лош период. Тогаш бев во брак, кој се распаѓа, но што можам да кажам во моја одбрана се заљубив“ беше коментар на Наташа за интервју кое го дала пред да почине.

Наташа кога го запознала Лиам била во брак со Роберт Фокс, но неможела да одолее на шармот на Лиам кој во тоа време го поврзуваа со многу холивудски убавици како Џулија Робертс. Но по завршувањето на преставата, Лиам заминал во Полска да работи на филм.

Но ден пред нејзиниот 30 роденден и пишал порака „Ќе ме стигнеш, со љубов Оскар“. Инаку се потпишал Оскар, по улогата што ја имал во филмот Schindler’s List. А ќе ме стигнеш алудирал на тоа дека е 11 години постар од неа и дека и она старее.

лиам

Оваа порака не и се допаѓала па му вратила „ Оваа порака ми ја праќа пријател или.. Каков е нашиот статус?“ Со ова уште повеќе го освоила. „Од тој момент знаев дека ја сакам, помислив конечно имам нешто вистинско морам да ја чувам “. Наташа после тоа се качила во авион и заминала за Полска, а се венчале во 1994 година. Свадбена песна им била од Ван Морисон, „Crazy Love“, која му ја пеела Наташа на Лиам.

Цели 17 години биле во среќен брак и имаат два сина Мишел и Даниел. Но во 2009 година решиле зимата да ја поминат во Квебек, Канада. Наташа бидејќи незнаела да скија, си земала и приватен професор. Во еден момент на стазата за почетници паднала и си ја удрила главата на подот.

лиам

Со оглед на тоа дека не носела заштита, ударот на левата страна бил многу јак, дошло до пукање на крвните жили во мозокот и на крај тоа се покажало фатално. Но кога паднала се уште била свесна и му рекла на Лиам „Драги јас се лизнав на снегов“

Иако веднаш била пренесена во болница, повредата била многу лоша. Наташа паднала во кома, а докторите му рекле на Лиам дека нема никакви шанси да преживее. Тогаш дошол до нејзиниот кревет ја фатил за раката и кажал „Драга јас многу те сакам, незнам дали ме слушаш, ударот беше лош нема да преживееш, ќе се вратиме дома и ќе те однесам кај твоите најмили.“

лиам

После тоа Лиам, откри дека со Наташа имале договор, ако некогаш дојде до ваква ситуација, на било кој од нив двајца да се исклучат апаратите. Апаратите се исклучија, а нејзиното срце, бубрези и јетра биле донирани.

лиам

Тагата се уште е присутна, но актерот морал да биде силен заради синовите. Мишел, постариот син тешко ја поднел смрта на мајка му, па паднал во депресија и почнал да станува зависен од дрога. Сепак Лиам, му помогнал и го вратил во нормала. Но и за Лиам тешка била загубата, тој станал алкохоличар. „Никогаш не сум пиел жестоко, но тогаш пиев по литро на ден, но кога почнав да добивам улоги, решив да престанам“

Сподели го ова преку:
  • 44
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!