Најпознатата кинеска глумица никој не ја видел со месеци

Најпознатата кинеска глумица никој не ја видел со месеци, се верува дека е во затвор.

Најпознатата и најплатената кинеска глумица, Фан Бингбинг (36), исчезна од јавноста и никој не видел или слушнал со месеци. Се претпоставува дека е во затвор во Кина.

Повеќе време се зборуваше дека властите се сомневаат во даночното затајување, односно избегнуваање плаќање даноци и примање на сретства на „црно“, се разбира овие шпекулации актерката ги отфли и рече дека не се точни.

Кинеските власти објавија дека сериозно ќе го истражуваат нејзиниот случај и дека строго ќе бидат казнети сите кои затајуваат данок во забавната индустрија.

кина актерка

Фан Бингбинг од 2013 година е најплатена кинеска актерка според Форбс, а минатата година заработи 300 милиони јени, што е околу 43,9 милиони долари.

Во Кина но и во светот, таа е голема ѕвезда, кариерата ја започна уште од 1999 година, кога глумеше во познатата серија “My Fair Princess”, а тогаш почна да се појавува во кинеските блокбастери како “Cell Phone”, “Lost in Beijing”, “Buddha Mountain” и “I Am Not Madame Bopvary”. Најпозната во светот е и по холивудската улога во 2014 година во филмот “X-Men: Days of the Future Past”.

кина актерка

Таа исто така ќе се појави и во новиот филм “355” со Пенелопа Круз и Џесика Частен на крајот од годината. Иако е многу популарна во Кина, таа се смета за недоволно општествено ангажирана, како што покажаа истражувањата. На врвот на оваа листа се Џеки Чан и Жанг Зии, а таа заврши на последното место.

Сподели го ова преку:
  • 1
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk