На насловна на магазинот „Forbes“ е Кајли Џенер

На насловна на магазинот „Forbes“ е Кајли Џенер, а тоа ги разбесни многу луѓе низ светот.

Магазинот „Forbes“ на насловната ја има Кајли, за која напиша дека набрзо ќе стане најмладата милијардерка во светот. Се очекува да го помине и Марк Закерберг, кој ова богаство го стекнал на 23 години. Но, она што ги разбесни читателите на магазинот е што и неа ја ставија во категоријата на self-made милијардерка. Што во превод би значело дека она почнала од нула, сама да ги направи овие милиони.

кајли

Нејзината компанија за козметика „Forbes“ ја проценува дека вреди околу 800 милиони долари, а другите 100 милиони ги стекнала како телевизиско лице на реално шоу. Таа денес вреди околу 900 милиони долари.

Коментаарите на читателите се: Од кога “Self-made” значи помош од мама или друг коментар е од кога трчање на 100 метра започува од 90 метра.

„Од кога  self-made?, Лесно е да станеш милијардерка ако родителите ти се милионери, тоа се вика наследно БОГАСТВО, непотизам. Можеме да кажеме дека self-made е Опра, таа живеела на село со баба и немала што да јаде, кажете и на Кајли дека не е она тоа“ е еден од многуте кометари на социјалните мрежи.

Но, според „Forbes“ реалноста е таква и во секој момент се очекува, Кајли Џенер да го симне Марк Закерберг од врвот.

Сподели го ова преку:
  • 11
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!