Меган Маркл се откажува од серијата Suits за да биде со принцот Хари!

Меган, 36 годишната актерка, која глуми во седум сезони од серијата „Suits“, по се изгледа нема да се врати наредната година. Таа сè уште ја нема потврдено оваа вест, но според шпекулациите на светските медиуми, решена е да се пресели во Лондон за биде со принцот Хари.

Меган Маркл (Рејчел Зејн) и принцот Хари

Актерката сè уште нема потпишано никаков договор и не се знае дали ќе продолжи да биде познатата, „Рејчел Зејн“. Нејзиното двоумење да се откаже од својата кариера е сигурен знак дека таа и 33 годишниот принц, Хари, ќе се венчаат!

Спред извори на светските мидуми, Меган, сака да ја игра улогата на Рeјчел и дека многу и должи на екипата на „Suits“. Но, Хари, секако неможе да се пресели во Торонто, па затоа таа ќе мора да „се жртвува“ ако сака да бидат заедно.

 
Меган моментално е во Торонто, каде ја завршува нејзината последна сезона од снимањето на „Suits“. Таа го вратила и својот автомобил „Audi Q5“, бидејќи повеќе нема да има потреба од него, затоа што ќе живее во Лондон.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!