Мајкл Кејн е 45 години во успешен брак и ја открива тајната

Мајкл Кејн е 45 години во успешен брак и ја открива тајната, како тој и сопругата успеале да се уште заедно и среќни.

Добитникот на два оскара Мајкл кој има 84 години е во брак со Шакира Кејн (70) од 1973 година  ја открива тајната за среќен брак, а тоа се да ви биде под конец. Во едно неодамнешно интервју тој рече: „Во брак сум 45 години и ќе ја искористам тука реченицата на Маркс кој рекол, Изгледа како да беше вчера, а знаете дека вчера било страшно. Тоа не е мојот случај, јас сум во среќен брак. Која е тајната ме прашувате е тоа што имаме две купатила. Немојте никогаш да го делите купатило со жената, па зарем сакате вашите предмети да се во некој кош, плус јас сум постар од нејзе ми треба повеќе простор.“

Мајкл Кејн е 45 години во успешен брак и ја открива тајната, како тој и сопругата успеале да се уште заедно и среќни.

Овој духовид актер исто така изјавил дека за успешен брак е многу важно вашата сопруга да знае се и да водите паралелен живот.

„Јас и мојата сопруга сме еднакви, таа не е некоја неважна омажена за богат глумец или обратно и двајцата сме успешни, таа има свој бизнис. Колку што јас сум зафатен на големото платно, таа е зафатена со својот бизнис. И најважно е што секаде одиме заедно, не сакате да имате пријатели што вашата сопруга не ги познава, тоа не е во ред. Така започнува паралелен живот, а потоа и многу често и развод. Знаеме од геометрија паралените линии, никогаш не се среќаваат. Ова е најважниот дел, жената ваша вклучете ја во се и водете секаде со вас. Затоа сум во долг брак“ кажа Мајкл.

Тој и Шакира имаат две ќерки.

брак

Сподели го ова преку:
  • 34
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!