Кевин Харт јавно и се извини на бремената сопруга!

Актерот и Комичар, Кевин Харт јавно и се извини на својата бремена сопруга и децата, Хендрикс и Хевен, откако се пријави дека е жртва на изнудување од повеќе милијарди долари.

„TMZ“ пишува дека анонимен човек контактирал со тимот на Харт и барал голема сума пари во замена за видео клип на кој Харт и една непозната жена се во „сексуално провокативна ситуација“.

А, исто така, според ТМЗ и од „FBI“ се наводно инволвирани во овој случај.

Иако не било потврдено дека Харт е едно од лицата во спалната соба, изворот тврди, дека видеото е снимено без согласност, што значи, дека чинот е против законски. Неколку часа откако оваа вест е објавена, Кевин на Инстаграм објавил емоционално видео во кое јавно му се извинува на своето семејство.

Чувствувам дека имам мета на мојот грб, па затоа треба да носам паметни одлуки, но одамна не сум го сторил тоа. Не сум совршен и нема да тврдам дека сум. Направив голема грешка во проценката и завршив во средина каде што може да се случат само лоши работи, и се случија. Знам дека ги повредив оние што ми се најблиски, оние со кои разговарав и им се извинив, на мојата сопруга и на децата, знам дека сум погрешил и нема оправдување за однесувањето, морам да бидам подобар, но нема да дозволам некој да има финансиска корист од моите грешки. Тие се обидоа да го направат тоа и јас реков дека попрво би се соочил со своите грешки, рече Харт.

Таблоидите го „фаворизираа“ комичарот оваа година, бидејќи постојано пишуваа дека тој е и неверен на својата сопруга која го носи нивното прво дете, додека Харт од првиот брак има две деца, објави „Fox News“.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk