Како изгледал фаталниот „Кристијан Греј“ на почетокот на кариерата

Пред неколку дена имавме прилика да го видиме целиот трејлер, за филмот „50 нијанси на сиво“, но дали знаете како изгледал фаталниот Кристијан Греј на почетокот на неговата кариера?

Жените го обожаваат, но згодниот Ирец поминал долг пат за да стигне до својата слава. 35 годишниот Џејми Дорнан, започнал како манекен. Во почетокот на 2000 година, бил заштитно лице на многу светски модни брендови. За прв пат блеснал во Abercrombie Fitch во 2004 година.

кристијан греј

И додека повеќето луѓе го знаат по улогата на Кристијан Греј, според филмските критичари тој има многу подобри улоги. Пример одличен е во серијата на BBC, „The Fall” каде што го глуми серискиот убиец Паул Спектор.

кристијан греј

Исто така добил и многу позитивни критики за улогата во филмот „Anthropoid” каде глуми заедно со актерот Килијан Марфи. Овој филм се одвива за време на Втората светска војна, каде што Џејми глуми таен агент.

кристијан греј

И додека улогите му се претежно мрачни и негативни, тој во приватниот живот е многу забавен и фин дечко. И за разлика од Кристијан, Џејми е мирен сеемен човек, кој е верен на својата сопруга Амелија Ворнер. Во брак се од 2013 година и имаат две девојчиња.

кристијан греј

кристијан греј

Сподели го ова преку:
  • 25
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk