Jon Snow е подготвен да стане татко

Ликот Jon Snow (Џон Сноу) во мегапопуларната серија „Game of Thrones“, кој го игра англискиот актер, Кит Харингтон, се соочи со Белите Шетачи, се заљуби, па дури и се врати од мртвите, а во реалниот живот вели дека е подготвен да стане татко.

„Најважната задача која сум ја имал некогаш во животот, наскоро ќе заврши. Добро, не би рекол најважната. Се надевам дека ќе станам татко“, рече Харингтон во едно интервју за „InStyle“ и додаде дека е подготвен за тој чекор во својот живот.

Харингтон е оженет за актерката Роуз Лезли, со која се запознал за време на снимањето на серијата. Да ве потсетиме, таа во серијата „Game of Thrones“ (Игра на Тронови) се појави во улогата на Игрит во втората сезона. Игрит и Џон Сноу беа лудо заљубени, иако таа беше „Дивјак“ и живееше далеку од цивилизацијата.

Џон Сноу и Игрит - Кит Харингтон и Роуз Лезли - Игра на Тронови

Ликовите на Џон Сноу и Игрит немаа среќен крај во серијата, но нивната љубовна врска во реалниот живот до сега функционира солидно.

„Најверојатно најлошата работа во сето тоа е што се заљубив во Роуз и се оженив со неа, така што, многу тешко ќе биде повторно да работам со неа. А да работам со неа беше еден од најдобрите моменти во мојот живот и мојата кариера. Не знам дали повторно некогаш би работеле заедно бидејќи сме во брак и многу е тешко да работиш покрај сопругата“, изјави Харингтон.

Пред неколку дена се прикажуваше премиерата на долгоочекуваната прва епизода од последната сезона на серијата „Game of Thrones“ во која Харингтон, односно, Џон Сноу е главната ѕверка.

Сподели го ова преку:
  • 25
  •  
  •  
  •  
грешка: Содржината е заклучена!