Ема Ватсон донираше милион фунти за борба против сексуалното насилство

Ѕвездата од филмовите за „Хари Потер“, актерката, Ема Ватсон, донираше еден милион фунти во новата кампања, наменети за помош на жртви од сексуално насилство.

Нејзината донација се совпадна со отвореното писмо што го потпиша со околу 200 британски и ирски, актерки и уметници кои повикаа на превенција од сексуално вознемирување на работа.

ема

Ема Томпсон, Кира Најтли и Ема Ватсон се само дел од уметниците кои го потпишаа писмото, објави Обсервер.

Жените кои присуствуваа на наградите „Bafta“ во Лондон во неделата навечер, соопштија дека носат црна облека во знак на солидарност со холивудското движење „Time’s Up“, кое исто така започна со кампања против сексуалното вознемирување.

Сподели го ова преку:
  • 22
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!