Ед Ширан е обвинет за плагијат на неговиот најголем хит

Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Ед Ширан, е обвинет за плагијат на неговиот најголем хит „Thinking Out Loud“ во кој, според обвинението, Ед Ширан ја копирал музиката од класиката од 1973 година. со наслов „Let’s Get it On“.

Се претпоставува дека Ед Ширан копирал неколку делови од песната на Марвин Геј, легендарниот американски пејач, текстописец и продуцент. Затоа на Ед Ширан му се предвидува казна во глоба од 100 милиони долари.

Според правните анализи и документи, во „Thinking Out Loud“ се копирани мелодија, ритам, бас, тапани, а на некој начин и дабстеп.

Ед Ширан веќе се соочи со правната постапка во врска со истата песна откако тој ги негираше сите обвинувања дека таа песна е плагијат.

Новите обвиненија биле поднесени од страна на компанијата со наслов „Structured Asset Sales“ која ги има купено само еден дел од авторските права за песната „Let’s Get It On“.



Инаку, Марвин Геј, го напишал овој хит во 1973 година. заедно со Едвард Таунсенд, кој починал во 2003 година. Тогаш, компанијата „Structured Asset Sales“ купила една третина од авторските права на песната.

Исто така, сопствениците на останатиот дел од авторските права од оваа песна, кои биле во сопственост на Едвард Таунсенд, го обвинија Ед Ширан за плагијат на хитот „Thinking Out Loud“ уште во 2016 година. но уште не се знае дали овој случај воопшто е решен.

Сподели го ова преку:
  • 24
  •  
  •  
  •  
грешка: Содржината е заклучена!