Бред Пит по разводот дава совети за брак

По 11 години брак, Бред Пит и Анџелина Џоли се разведоа, а јавноста се уште зборува за тоа.

„Очигледно, јас не сум експерт за брак или брачни односи, дали би направил поинаку? Откако ја изгубив жената која ја обожував, се разведов по 11 години брак, ова се моите совети за сите мажи во светот… Да би можел, еве што би направил јас поинаку“, рече актерот, а ова се неговите совети:

– Секогаш грижи се за својата сопруга.

– Работи на тоа да се сакаш себеси.

– Заљуби се во својата жена одново и одново.

– Фокусирај се на најдоброто во неа.

– Не си ја менувајте жената.

– Не е нејзина работа да те направи среќен – мора да го направиш тоа сам.

– Никогаш не и викај на својата жена. Дури и ако си лут поради нешто што го направила. Сепак, овој гнев е само твој и на никој друг.

– Само остани со неа: Во добро и во зло.

– Не биди постојано сериозен и тежок човек.

– Секој ден посветувај и внимание.

– Не биди идиот!

– Дозволи или направи и место за одмор.

– Биди ранлив пред неа. Таа е твојата сопруга.

– Секогаш бидете искрени со неа.

– Кога се развива таа, развивај се и ти. Секогаш учи, учи, учи…

– Никогаш не се осврнувај на минатото, немој никогаш да замеруваш на нејзините стари грешки.

– Секогаш избирај љубов! Бракот не е една реченица од бајка: „И тие живееле засекогаш среќно до крајот на животот.“ Секој брак има свои подеми и падови. На бракот, како и на сопствениот развој, се работи секој ден.

Сподели го ова преку:
  • 4
  • 1
  •  
  •  
грешка: Содржината е заклучена!