Бев во депресија кога Destiny’s Child беа во подем

Destiny’s Child е еден од најуспешните женски бендови во светот, но не секогаш било така сјајно и кога биле во најголем подем, на врвот на кариерата.

Мишел Вилијамс 36 годишната пејачка, за прв пат проговори за своите проблеми додека била дел од групата и за своето ментално здравје.

Destiny's Child група

„Во тоа време не сфаќав зашто сум се чуствувам толку лошо. Бев дел од многу успешен бенд, а бев депресивна. Се обидов да му кажам на мојот менаџер, а тој ми кажа дека немам никаква потреба да сум тажна, сме потпишале мулти милионерски договор и почнуваме со турнеа низ светот, не ме сфати.“ вели Мишел. Менаџер во тоа време им беше таткото на Бијонсе, Метју Ноулс. 

мишел

„Едно време помислив може сум само уморна, но како времето поминуваше ми беше се полошо. Во еден момент бев и суицидална. Бев во мрачно и темно место, и сакав да си одам од групата. Имав депресија на мои 25 години“ вели Мишел.

Таа заедно со Бијонсе и Кели Роланд, беа дел од Destiny’s Child од 1999 година до 2006 година, кога и групата се распадна. Групата продаде 60 милиони албуми ширум светот, а Мишел има потоа два самостојни поп албуми.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!