Анџелина Џоли во жолт фустан на Азискиот светски филмски фестивал

Анџелина, најчесто ја гледаме во црни фустани, но овој пат својата фигура ја истакна во жолт фустан.

анџелина џоли жолт фустан

Мајка на шест деца, Анџелина изгледаше одлично, за време на Азискиот светски филмски фестивал во Калвер Сити, Калифорнија. На фестивалот беше наградена со прва награда, за филмот „Прво тие го убија мојот татко“ ( First They Killed My Father ).

анџелина џоли жолт фустан

Ова и е прво појавување, откако почнаа гласините дека е во сериозна врска со богат британски филантроп. Идентитетот не му е познат, само се знае за него дека е богат, 40 годишен бизнисмен и филантроп и се заедно од почетокот на годинава.

анџелина џоли жолт фустан

Фустанот беше со должина до нејзните колена, а половината и била врзана со каиш, со цел да го истакне своето витко тело. Жолтата боја и стоеше одлично и може да признаеме дека повторно блеска со својата убавина. Можеби и годи новата љубов.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk