Анџелина Џоли изјави како ги воспитува децата

Анџелина Џоли изјави како ги воспитува децата и ова треба да го прочитаат сите родители.

Анџелина Џоли не може да ја одбие ни една желба на своите деца, но сепак ги учи како да ја споделуваат среќата со другите и да се борат за работите што им се важни.

џоли

Анџелина Џоли е мајка на шест деца, од кои има три ќерки: 12-годишнaта Захару, 11-годишната Шило и деветгодишната Вивиен. Во отворено интервју за американското списание “Elle” открива како ги воспитува децата.

Особено внимание посветува во воспитувањето на ќерките:

„Им реков на моите ќерки – тоа што ве издвојува е вашата желба да им помогнете на другите. Секоја девојка може да облече фустан и да се нашминка, но вашиот ум е она што ве дефинира. ”

џоли

„На децата им реков да дознаат кои се и што сакаат во животот. Исто така да се борат за другите и тие да имаат слобода и права како нив. Да се биде во служба на другите, во животот тоа е многу важно.“

Анџелина Џоли е успешна актерка и режисер со долгогодишна кариера, која има освоено и оскар за споредна улога. Сепак својата страст ја откри со снимањето на филмот “Tomb Raider” кога ја посети Камбоџа.
Тешката сиуација која ја затекна во Камбоџа ја натера да стане голем хуманист. Наскоро стана висок комесар за бегалци, а во 2012 година стана ко-основач на Иницијативата за спречување на сексуалното насилство во воени ситуации.

Анџелина патува низ светот и се бори за за човекови права .

Сподели го ова преку:
  • 16
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk