Анџелина Џоли е ужасна личност, а Бред Пит е фантастичен

Вистината за Анџелина Џоли и Бред Пит ни ја открива актерката и манекенка, Каприс Бурет.

Во интервју за магазинот „New Magazine“, Кпарис ја отвори и темата за некогашниот најубав пар на светот, Бред Пит и Анџелина Џоли и немаше добри зборови за Анџелина.

„Во посебни ситуации сум била во прилика да се сретнам на вечера со Анџелина Џоли и Бред Пит посебно, но неможам да се сетам дали во тој момент сеуште беа во брак. Бред беше фантастичен, а Анџелина беше вистинска „кучка“. Ниту еден збор не изусти цела вечер. Само седеше и зјапаше наоколу“, изјави Каприс и додаде дека актерката била „ужасна“.

Каприс Бурет ја спомна и поранешната жена на Бред Пит кога кажа:
„Бред е толку многу добар лик и дефинитивно повеќе е маж кој и припаѓа на Џенифер Анистон“.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Caprice Bourret Official (@capricebourret) on

Разводот на Анџелина и Бред не е конечен, затоа што сеуште ги немаат регулирано финансиските аспекти од договорот. Во декември тие успеаја да постигнат компромис околу старателството над децата, но деталите не се познати за јавноста.

Сподели го ова преку:
  • 32
  •  
  •  
  •  
грешка: Содржината е заклучена!