50 Cent за синот, Не би било лошо да го удри автобус

Раперот повторно шокира овој пат со изјава за својот син, каде што вели дека сака да го удри автобус.

Имено, 43-годишниот рапер ја коментирал фотографијата на која неговиот син Маркиз, на кој е сликан и се дружи со неговиот најголем непријател Кенет Мекгриф, и напишал дека не би било лошо ако некој од нив би бил погоден од автобус, пишува News. com.

Со овој чин, 50 Cent само ги влоши веќе нарушените односи со најстариот син, додека неговите фанови се згрозени од овој негов коментар.

По критиките, раперот објасни на Твитер дека никому не сака да наштети, но дека поради луѓето со кои неговиот син се дружи, тие едноставно не се во добри односи.

“На неговата мајка, Шаники Томпкинс и платив 1.360.000 долари за да му обезбеди безгрижен живот и образование, она што никогаш не го имав”, напишал 50 Cent меѓу другите работи.

По неколку години врска, 50 Cent и Шаники го добија синот, Маркиз, а откако се разделија, долги години водеа битка за старателство. Дури во 2008 година, одлучија детето да живее со мајката. Иако со години се обидуваа да воспостават однос на татко и син, тоа не беше успешно поради честите кавги меѓу родителите.

Сподели го ова преку:
  • 1
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk