Џиџи Хадид и Коди Симпсон, совршени на Коачела!

Прекрасната Џиџи Хадид и нејзиното момче, австралискиот пејач Коди Симпсон, одлично се забавуваа на Коачела музичкиот фестивал во Калифорнија, САД. Овие прекрасни „ѕвезди“ кои се во врска од 2013-та година, изгледаа совршено и беа еден од најслатките парови на Коачела фестивалот овој викенд.

Популарниот пар, кој никогаш не се срамел да се покаже во јавноста, имаше извонреден стајлинг и воопшто не претеруваше во однесувањето, беа скромни, слатки и привлечни, додека се шетаа држејќи се за рака и застануваа да се бакнуваат. Изгледаа многу слатко и опуштено, Џиџи одеше боса насекаде и беше облечена во бел фустан со висок шлиц до половината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди