Џеј-Ло е причината за Google Images

Џенифер Лопез е единствената причина за создавањето на „Google Images“. Фустанот од Версаче кој Џеј-Ло го носеше пред 17 години на доделувањето на Греми наградите за 2000-та година, беше инспирацијата на Гугл да создаде таква алатка.
Џеј-Ло и Паф Деди на доделувањето на Греми наградите во 2000-та година
Џенифер Лопез и Паф Деди на 42-то доделување на Греми наградите во Лос Анџелес на 23 Февруари 2000-та година.

Во една неодамнешна студија на „Project Syndicate“, извршниот директор на Гугл – Ерик Шмит ја обелодени вистината за создавањето на „Google Images“. Всушност, тој изјавил дека фустанот од модната куќа „Versace“ кој Џенифер Лопез го носеше на доделувањето на Греми наградите во 2000-та година, односно, фактот дека сите сакале да ја видат Џеј-Ло во тоа издание, била инспирацијата за создавање на славната алатка за пребарување фотографии, која преку клучните зборови кои ќе ги внесете во полето за пребарување, ќе даде резултати од фотографии кои се именувани со истите зборови и објавени на интернет страниците.

“Луѓето сакаа повеќе, не само текст. Тогаш за прв пат ни стана јасно, за време на Греми наградите во 2000-та година, каде што Џенифер Лопез носеше зелен фустан, тоа премногу го привлече вниманието на светот. Во тоа време тоа беше најпопуларното пребарување што негокаш сум го видел. Но, ние немавме никаков начин за корисниците да го добијат точно она што го сакаат. Џеј-Ло го облече фустанот со длабоко деколте и се создаде „Google Images“ – напишал Шмит во изјавата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди