Семејството Бекам вреди 500 милиони фунти!

Семејната империја на Бекам вклучува две модни линии како и многу профитабилни спонзорски договори и ако се земе во предвид кариерата на брачната двојка, тогаш воопшто не треба да нè чуди дека сè што е со потписот „Бекам“, премногу лесно се продава.

Дејвид Бекам и Викторија Бекам со децата

Една студија, во која е анализиран брендот на семејството Бекам открива колку навистина вреди. Така што маркетинг вредноста на сите членови од семејството, вклучувајки ја кариерата на поранешниот футбалер Дејвид Бекам, неговата сопруга Викторија која е поранешен член на популарната музичка група Spice Girls и се занимава со моден дизајн, како и нивните деца Бруклин, Ромео, Круз и Харпер… Изнесува малку повеќе од 500 милиони фунти, според истражувањето на училиштата и факултетите за маркетинг во Лондон.

Дејвид и Викторија Бекам со децата

Како семејство, Бекамови на годишно ниво заработуваат помеѓу 40 и 50 милиони фунти.

Дејвид Бекам и Викторија бекам со семејството

Најголемиот дел од тие пари ги заработуваат Дејвид и Викторија, но во последно време и нивните деца се вклучени во тој бизнис како модели или глумци во интернет и ТВ реклами. Шеснаесетгодишниот Бруклин на Instagram има 10,3 милиони луѓе кои го следат, најголемиот дел од нив го следат откако се појави на насловната страница на магазинот Miss Vogue. Неговиот помлад брат Ромео беше дел од божиќната кампања Burberry во 2015-та година и беше заслужен што продажбата се зголемила за 15%. Тоа му овозможи да добива понуди за милионски суми.

Исто така, наведено е дека самото значење на презимето Бекам во денешно време на секаде во светот се смета како еден од најпознатите брендови на сите времиња.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди