И Бијонсе го почитува Marco de Vincenzo

Како една од најимпресивните и најгламурозните дами во шоу-бизнисот, Бијонсе продолжува да биде храбра и оригинална со своите визии. Ѕвездата постојано е прогласувана за стилски најдобра жена на светот.

Пејачката ни за момент не се откажува од високите потпетици, мрежестите прачиња облека и слатките додатоци. Младата мајка се почесто експериментира со својот изглед. Бијонсе била пресретната во Њујорк пред четири дена, облечена во фустан од есенско-зимската колекција за 2015-та на Марко Де Винченцо.

Бијонсе

Славната пејачка била упатена кон модната ревија на „Chanel“ а фоторепортерите ја затекнале во прекрасно расположение. Таа била облечена во импресивниот дизајн на фустан во „пруги“ од познатиот креатор Марко Де Винченцо на кој доминираат темни бои.

Пред да стане мајка Бијонсе оставаше впечаток во јавноста со романтични и женствени фустани од типот на „babydoll“, кои ги потенцираат нејзините гради или колкови, но во овој период ѕвездата преферира да ја крие својата фигура. Ито така, познатата убавица носела интересни сини сандали и палто во истата боја. Кај сопругата на „Џеј Зи“ била забележана (како промена) и светлата боја на косата со која привлекла огромно внимание.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди