Книгата Fifty Shades of Grey наскоро со ново продолжение!

Ако со нетрпение го очекувате третото продолжение од филмот насловен според истоимената книга „Педесет нијанси на сиво“, тогаш, за вас имаме одлични вести.

Во ноември ќе биде објавена новата книга, од авторката Е.Л. Џејмс, во која главниот лик, Кристијан Греј, ја раскажува неговата визија од приказната.

Новото издание на книгата се вика „ПОТЕМНО: Педесет нијанси потемно раскажани од Кристијан“ и всушност е продолжение на серијалот, но овојпат со приказна раскажана од негова перспектива.

„Кристијан ги објаснува сите негови убави спомени во периодот кога од несреќен човек, станува среќен, откако се заљубил во Анастасија.

ПОТЕМНО - Педесет нијанси потемно раскажани од Кристијан

„Иако станува збор за дело кое веќе сте го прочитале со Анастасија во преден план, книгата е полна со изненадувања“, вели писателка.

Се очекува дека писателката ќе напише, најмалку уште една книга, но предходно, ќе можете да го погледнете новото продолжение (третиот дел) на филмот со наслов „Педесет нијанси ослободени“, кој ќе се прикажува за прв пат во Кина, во февруари наредната година.

Во најавата за филмот може да ја видите венчавката на Анастасија и Кристијан, нивниот меден месец во Европа и како конечно се среќни. Погледнете го трејлерот, додека го дочекаме целиот филм кој е со закажана премиера токму за денот на вљубените.

 

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!