Во 2019 година, завршува популарната серија Game of Thrones

HBO, потврди дека серијата ќе започне со емитување во 2019 година и ова ќе биде последна сезона.

За жал, имаме лоша вест за фановите на популарната серија Game of Thrones, серијата ќе почне да се емитува дури во 2019 година и 8 сезона ќе биде последна, тоа значи дека серијата официјално и ќе заврши.

Ова го потврди и режисерот на серијата кој на новинарско прашање одговорил, дека за жал информацијата е точно, но што се однесува до мене, оваа серија сакам да има бар уште десет сезони. Друга жална вест е дека сите очекуваа дека ќе почне со емитување оваа година, па подоцна се зборуваше дека ќе биде во јануари 2019, но според последните информации сепак ќе започне со емитување во април 2019 година.

игра на тронови

Оваа сезона ќе има само шест епизоди и ќе биде најкратка сезона до сега, но сепак една епизода ќе трае 80 минути, што на некој начин ќе бидат како мини филм.

На прашањето зошто толку чекање за последната сезона одговорија: „Ова не е мал проект, тука се вложени многу пари, оваа сезона ќе биде запишана во историјата, потрошени се околу 15 милиони долари на една епизода, ќе биде со одличен квалитет и со најдобри специјални ефекти.“

Како ќе заврши серијата сите се прашуваат, но како што пишуваат медиумите, тоа не го знае никој освен режисерот. Актерите снимиле неколку завршетоци, за кој ќе се одлучи режисерот ќе дознаеме во април.

игра на тронови

Но, една голема тајна беше откриена во седмата сезона, дека  Џон Сноу: е син на Лијана Старк, (сестра на Нед Старк) и Регар Таргариен (брат на Денерис Таргариен) кои биле во брак.

Сподели го ова преку:
  • 16
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!