Тајна репортажа од еротскиот елитен клуб!

Провокативната серија „Голи SNCTM“, открива се за ексклузивниот еротски клуб, во кој славните редовно уживаат во оргии.

„SNCTM“ е ексклузивен елитен клуб во Беверли Хилс. Зачленувањето чини од 12.000 до 75.000 долари. А како што пишува на нивната официјална интернет страница, критериумите за членување за секој од кандидатите, се естетска убавина и професионален статус за да бидат примени во друштвото. За возврат, тие добиваат еротски забави под маски, секој месец свечена вечер, секој втор месец курсеви за фетиш, а во пролет и лето имаат забави покрај базен. Се разбира секоја вечер завршува со секс, а целта е „возвишена слобода и сензуална утопија“.

Елитен клуб за оргии

Влезот за овие еротски забави е 1850 долари за мажи, кој ако дојдат со партнерка плаќаат 1500 долари. Влезот за жени е бесплатен, но мора претходно да се пријават и да пратат голи слики. Како што велат од клубот, за нив приватноста е најважна, затоа фотоапарати и мобилни телефони се забранети, а на забавите сите носат маски. Мажите на почетокот на забавата мора да се облечени во смокинг, а жените во елегантни вечерни фустани.

Елитен клуб за оргии

Клубот е формиран пред четири години, од страна на Дејмон Лонер, кој вели дека на неговите забави доаѓаат многу познати личности, меѓу кои и Гвинет Палтроу заедно со нејзиниот партнер Бредом Фалчаком. Клубот наликува на сектата од познатиот филм од деведесетите со Том Круз и Никол Кидман под насловот „Очи широко затворени“

Елитен клуб за оргии

„Некои доаѓаат да научат како да пружат поголемо задоволство, а другите доаѓаат да ги истражат своите примитивни нагони“, вели Дејмон.

Дејмон и персоналот во клубот, не учествуваат во сексуалните чинови за време на собирот, но понекогаш сакаат да гледаат.

Во новата ТВ Серија, се опишува животот на овој 45 годишен разведен татко на две деца, како се мачи да добие рамнотежа со нормален живот и ненормална кариера.

 
Почесните членови на клубот, меѓу кои се единаесет мажи и една жена, даваат крвна заклетва, а за возврат добиваат приватен сексуален советник, секс соба само за себе и сребрено ланче како статусен симбол.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

error: Содржината е заклучена!