Снешко – Филм за најдобрата книга од виртуозот за криминалистика Jo Nesbø

Во Осло одамна луѓето не се радуваат на зимата, туку таа им претставува терор и ужас. Снешко повторно е во градот  и влева страв кај луѓето.

Овој драматичен трилер е снимен по истоимениот роман, на норвешкиот гениј за криминалистиката „Jo Nesbø“, а режисер на филмот е „Tomas Alfredson“. Ако земеме во предвид, дека имаме спој на застрашувачки бестселер и режисер кој ретко греши, од овој филм не очекуваме ништо друго освен да е најгледан годинава.

Кога есента заминува од овој град, кај граѓаните се појавува страв, од мистериозните убиства што се случуваат секоја година. Траги од крв и страшни снешковци, стануваат дел од секојдневниот живот на обичните граѓани. Тие се негов потпис и веќе знаат што ќе се случи … Убиство!

Истрагата ја води детективот „Harry Hole“, познат јунак од книгите на „Nesbø“, кој заедно со неговата млада партнерка, ќе сакаат да стават крај на убиствата.

Актерот кој ќе го глуми детективот е „Michael Fassbender“, познат по филмовите, „Inglourious Basterds“, „12 Years a Slave“, „X-Men“ и филмот „Steve Jobs“, а неговата партнерка е актерката „Rebecca Ferguson“ позната по филмот „Mission: Impossible“.

Филмот уште повеќе ветува, бидејќи, како дел од продуцентите е и самиот автор, „Nesbø“. Светската премиерата на филмот е закажана за 20 Октомври 2017 година.

Занимливости:

  • „Nesbø“, вели дека често пред да почне да пишува книга, прво му се појавува визуелна сцена. Идеата за книгата „Снешко“ ја добил кога пред неговата ќука видел снешко кој незнаел кој го направил.
  • Првенствено филмот требало да го сними „Martin Scorsese“, но на крај го презел шведскиот режисер „Tomas Alfredson“, кој заработил светска слава со филмот „Дечко, дама, крал, шпион“. Но сепак „Scorsese’ останал во тимот како извршен продуцент.
  • „Michael Fassbender“ започнал да го сними овој филм, само два дена откако завршил со снимањето на филмот „Assassin’s Creed“.
  • Првата реклама за филмот беше неофицијален постер, создаден од анонимен студент кој кружеше на интернет.

Во продолжение погледнете ја најавата/трејлерот за филмот:

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!