Смешниот Кевин Харт ќе оди во Ноќно Училиште

Хумористичниот Кевин Харт ќе ја игра главната улога во најновата комедија на Малколм Ли, насловена како Ноќно Училиште – „Night School“, заедно со Тифани Хедиш. Уребесната комедија во која Кевин Харт ќе ве насмее до солзи, премиерно ќе се појави на филмското платно во Септември оваа година.

Кевин Харт во „Ноќно Училиште“
Кевин Харт во „Ноќно Училиште“

Новото филмско остварување на режисерот Малколм Д. Ли, ја раскажува приказната за група проблематични личности кои се присилени да посетуваат настава во вечерно училиште, со надеж дека ќе го положат „GED – General Equivalency Development“ испитот и потоа ќе можат да завршат средно образование.

Објавен е официјалниот трејлер за филмот, кој наведува дека ќе има многу акција и комедија на задоволително ниво…

Кевин Харт, исто така, е виновен за сценариото на Ноќно Училиште, односно, „Night School“ кое го напиша заедно со Џон Хамбург. Во другите улоги се појавуваат Jacob Batalon, Mary Lynn Rajskub, Anne Winters, Keith David и многу други актери.

Ноќно Училиште ќе се појави за првпат во САД – Америка на 28,Септември,2018 година. Во Октомври, ќе се емитува првата премиера во Европа, а потоа и во останатите земји во светот. Уживајте!

Сподели го ова преку:
  • 13
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk