Шазам! – Руши рекорди во кино салите оваа недела

Уште еден суперхерој на „DC Comics“ го освои филмскиот свет, а тоа е „Шазам! кој оваа недела ги сруши рекордите и заработува повеќе од очекувањата.

Филмот во својата првата недела од прикажувањата кој е во сопственост на продукциските куќи „Warner Bros“ и „New Line Cinema“ заработи повеќе од 53 милиони долари во американските кино сали и уште 102 милиони долари во остатокот од светот.

Филмот го предвидуваа со скромен почеток од 40 до 45 милиони американски долари заработка во САД. А Шазам! благодарение на првите позитивни критики што ги доби овој филм, помина и многу подобро од тоа.

Иако 53 милиони долари за стрип на пазарот не звучат многу, Шазам! ги чинеше „Warner Bros“ и „New Line Cinema“ многу помалку (буџетот изнесуваше вкупно 98 милиони долари) од сличните филмови кои се полни со специјални ефекти.


За споредба, претходните филмови на „DC Comics“, како што се „Batman v Superman: Dawn of Justice“ и „Justice League“ чинеа околу 300 милиони долари, што не ги вклучува трошоците за маркетинг и дистрибуција.

Претседателот на „Warner Bros“ америчката дистрибуција, Џеф Голдстајн, рече дека одличниот резултат се должи на фактот дека филмот не е толку сериозен како и остатокот од филмскиот свет на „DC Comics“. „Главната цел беше… Забава“, рече тој.

„Wonder Woman и Aquaman се по-мрачни, драматични и со поинакви приказни што докажува дека можеме да направиме различни филмови кои можат да го делат истиот филмски свет“.

Шазам! и Др. Тадеус Бодог Сивана
Шазам! и Др. Тадеус Сивана

Приказната за „Шазам!“ го следи тинејџерот Били Бастон кој на зборот Шазам! се претвора во суперхерој кој го прави она што секое дете би го правело да е на негово место: максимално се забавува!

Но забавната игра запира кога сфаќа дека мора да се бори против убиствените сили на злото контролирани од страна на примарниот антагонист Др. Тадеус Бодог Сивана.

Сподели го ова преку:
  • 2
  • 1
  •  
error: Содржината е заклучена!