SHARP OBJECTS, нова хит серија со Ејми Адамс

SHARP OBJECTS, нова хит серија со Ејми Адамс, која ве остава без здив.

Има многу причини зошто оваа серија е наш хит, а и во светот, прво дека главен лик во серијата е прекрасната актерка  Ејми Адамс. Откако ја гледавме во Nocturnal Animal 2016, оваа беше улога што беше логично продолжување на нејзината кариера, но овој пат во тв серија. Тоа е серија која носи приказна за новинарка која се соочува со демони од минатото, кога се враќа во родениот град, испитувајќи насилни убиства. Ако ви се допадна серијата True Detective, оваа серија ќе ја изгледате во еден здив!

серија

Адам, ја игра новинарката Камил Преакер, која ја враќаат во својот роден крај, да го пронајде потециалниот сериски убиец на млади девојки. Со самото нејзино доаѓање во градот, веднаш се случува и убиство на една девојка. Таа, е осамена па друштво наоѓа во детективот кои ги истражува овие убиства.  Адамс ја игра оваа улога фантастично -улога на несредена жена, тажна и склона кон алкохол.

серија

Оваа серија е мистична, но ја прати и улогата на новинарката и нејзините проблеми. Така да ние како гледачи, многу лесно идентификуваме со нејзиниот живот. Се надеваме дека ќе има повеќе сезони. А премиерата е закажана на 9 јули во 20 часот, на HBO.

Сподели го ова преку:
  • 5
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk