Се снима нов филм, со јунаците од култниот мјузикл

Сценариото на филмот ќе биде инспирирано, од оргиналниот филм каде што се опишува една средношколската љубов.

Откако култниот филм, Брилијантин  (Grease), прослави 40 години од првото емитување на филмот, најавен е нов филм со главните ликови од филмот.

брилијантин

Според “The Hollywood Reporter”, филмот ќе го носи името “Summer Loving”. Насловот на филмот е инспириран од најпознатата песна во мјузиклот, “Summer Nights”, каде што парот во песната го опишува нивното запознавање. Се претпоставува дека во продолжението, главните ликови Danny Zuko (Џон Траволта) и Sandy Olsson (Оливија Њутн-Џон), ќе ни раскажат како го поминале летниот распуст.

брилијантин

Режисер на филмот е John August (Big Fish, Charlie & The Chocolate Factory), а кој ќе бидат актери и кога филмот ќе биде готов, се уште се крие во тајност.

Иако на почеток кога излезе филмот Брилијантин, во 1978 години имаше многу лоши критики. Сепак се случи, пресврт па овој филм стана култен и најпознат во популарната култура. Лани се одбележаа 40 години од кога прв пат беше објавен филмот, по тој повод имаше и забава во Лос Анџелес, каде што присуствуваа и главните актери Џон Траволта и Оливија Њутн-Џон.

Сподели го ова преку:
  • 3
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!