Пристигнува нова трилогија „Војна на ѕвездите“

Режисерот Рајан Џонсон најави дека филмот Star Wars: The Last Jedi е само почеток на патувањето во далечната галаксија.

војна

На Џонсон му била дадена задача, да создаде сосема нова трилогија „Војна на ѕвездите”. На официјалната страница на “Војна на ѕвездите”, пишува дека Џонсон ќе го режира првиот филм и ќе направи сценарио за него, а неговиот долгогодишен соработник Рам Бергман, исто така, ќе биде дел од продукцискиот тим.

војна на ѕвездите 2

Во создавањето на новата трилогија која нема да има никаква поврзаност со Skywalker, Џонсон ќе воведе сосема нови ликови од делови од галаксијата кои досега не биле истражени.

„Сите бевме среќни кога работевме со Рајан на филмот „The Last Jedi“ вели Кетлин Кенеди. „Тој е креативен полн со енергија, тоа што го гледав како работи од почетокот до крајот на филмот за мене беше најголема среќа во мојата кариера. Рајан знам дека ќе направи нешто неверојатно со новата трилогија“ се надоврзува Кетлин.

Star Wars: The Last Jedi

Засега се уште не е познато кога ќе заживее новата трилогија, но до тогаш не чекаат неколку приказни од „Војна на ѕвездите”, првата е Star Wars: The Last Jedi, која за прв пат ќе се прикаже во Кина на 14 декември.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!