Пристигнува нова серија со Џенифер Анистон и Рис Витерспун

Пристигнува ТВ серија со Џенифер Анистон и Рис Витерспун, која се очекува да биде вистински хит.

серија
Двете славни холивудски блондинки, кои ги сакаат и мажите и жените, наскоро ќе почнат да снимаат нова серија.

Ако имате добра меморија, ќе се сетите дека ова не е прв пат Џенифер и Рис, да бидат заедно на малите екрани, овие две актерки глумеа заедно во хит серијата „Пријатели“, каде што Рис ја глумеше помалата сестра на Џенифер.

Top of the Morning

Серијата ќе се вика „Top of the Morning“ и сценариото е пишувано според книга, „Top of the Morning: Inside the Cutthroat World of Morning TV”“, Brian Stelter, објавена во 2013 година.

Приказната го следи светот на утринските емисии, животот на гламурозните новинари кои секое утро, со голема насмевка пред камерата, ги кријат своите мрачни тајни.

По долгогодишната филмска кариера, Џенифер Анистон за прв пат се враќа во серија после „Пријатели“. Додека пак Рис, лани беше брилијантна во серијата „Big Little Lies“, во која како продуцент се јавува Никол Кидман.

Сподели го ова преку:
  • 13
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!