Пристигна трејлерот за филмот ‘Mary Queen Of Scots’

Пристигна трејлерот за долгоочекуваниот филм ‘Mary Queen Of Scots’

Го имаме и првиот и официјален трејлер за филмот кој многу се зборува и кој сите го очекуваат ‘Mary Queen Of Scots’. Премиерата на филмот ќе можеме да ја гледаме оваа година некаде во средината на декември.

Во главните улоги во овој филм ги имаме прекрасните актерки Марго Роби како кралицата Елизабета I. и Саирсе Ронан како Мери, кралица на Шкотска.

За режијата на овој филм заслужна е Џози Рурк, која на својот Твитер профил, напиша колку е задоволна од филмот и како било вистинско уживање да работи со Марго и Сарирсе.

Ние, со нетрпение очекуваме да го погледнеме цел филм, но до тогаш ќе уживаме во трејлерот кој многу ветува!

Сподели го ова преку:
  • 3
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!