Познати се актерите за третиот дел на “John Wick 3”

Познати се актерите за третиот дел на “John Wick 3”, кој набрзо ќе започне со снимање.

John Wick 3

Киану Ривс по трет пат се враќа како немилосрдниот платен убиец John Wick, а како што се ближи снимањето на филмот, така секојдневно се откриваат и нови детали.

Чад Стахелски, кој беше еден од режисерите на првиот филм и самостојно го режираше продолжението, се враќа и како режисер и за третиот дел. Снимањето, ќе започне на 1 март во Њујорк, а исто така ќе се снима и во Шпанија и Русија.

John Wick 3

Во филмот ќе видиме и многу познати актери. Комон, се враќа како Касијан, Лоренс Фишбурн повторно ќе го игра Bowery King, а Руби Роуз повторно ќе биде Арес. Ќе се појават многу нови ликови, но нивните имиња се уште не се откриваат. Единствено што знаеме е дека Хиројуки Санада ќе биде во улога на главен антагонист и лидер на јапонската криминална унија.

Се уште се и во потрага и по главната женска, улога, а изборот се очекува да биде деновиве.Филмот треба да се појави во кино салите на 17 мај 2019 година. А, до тогаш ако го немате гледано вториот дел, сега е вистинско време.

Сподели го ова преку:
  • 8
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!