Почина Роберт Еванс продуцентот на култниот филм КУМ

Роберт Еванс филмски продуцент и извршен директор на студиото кое ги издаде филмовите како што се „КУМ“, „Chinatown“ и „The Cotton Club“, почина на 89 годишна возраст.

Како директор на продуцентската куќа „Paramount Pictures“, беше клучниот лик кој повлече иницијатива за снимање на првите два филма за трилогијата „КУМ“, пренесува „BBC News“. Меѓу останатите големи филмски реализации на кој работеше се истакнува и романтичната драма „Urban Cowboy“ од 1980 година.

Почина Роберт Еванс продуцентот на култниот филм КУМ

Роден како Роберт Џеј Шејпра 1930 година, Еванс ја започнал кариерата како актер, а ја играл улогата како јавач на бикови во филмот од 1957 година со наслов „The Sun Also Rises“

„Продуцентот е најважниот човек кој работи на филмот. Тој на филмот работи четири или пет години, а на крајот добива најмала заслуга“, рекол тој во една прилика за својот животен опис.

Смртта на продуцентот ја потврди гласноговорникот на неговата фамилија Моника Мос, која рече дека фамилијата Еванс сеуште не е подготвена да даде изјава за медиумите, пишува „BBC News“.

Сподели го ова преку:
  • 4
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заклучена!