Објавен е првиот трејлер за филмот Venom со Том Харди

„Sony Pictures“ го објави првиот трејлер за филмот “Venom” со Том Харди, кој го режира Рубен Флејшер, a премиерата е закажана за 5-ти октомври оваа година.

Еден од најкомплексните и најенигматичните ликови на Марвел – „Venom“ кој ќе го игра суперѕвездата Том Харди, ќе имаме прилика да го гледаме и на големиот екран.

Иако, до сега, не е прикажано како ќе изгледа стрип ликот „Venom“, во оваа најава може да се види, како Том Харди во улогата на Eddie Brock подоцна станува „Venom“. Всушност, станува збор за вонземјанец кој е создаден од лигава супстанца. Откако лигавата супстанца преку процесот на симбиоза ќе се соедини со човекот тогаш настанува „Venom“.

Веном/Venom, на почетокот од приказната e лош карактер, односно, лик кој подоцна станува анти-херој како што е „Deadpool“ и воедно тој е најголемиот непријател на Спајдермен. Но, иако се појавил само еднаш и не е баш добро прикажан во филмовите на Марвел, Веном со години се појавува во стриповите и е еден од главните ликови на Марвел.

Веном е познат кај љубителите на стриповите од Марвел како главниот негативец во филмовите за Спајдер-Мен!

Сподели го ова преку:
  • 51
  • 17
  •  
  • 2
error: Содржината е заклучена!