Нов филм со фантастичната Сандра Булок

Откако уживавме и ја гледавме во филмот Ocean’s 8 , сега Сандра ќе ја гледаме во глваната улога во филмот Bird Box.

Ако во филмот A Quiet Place, најважна беше тишината, во Bird Box приказната се базира на видот и темнината. Откако надприродна сила, ќе почне да ја уништува популацијата, едно е сигурно ако ја видиш си Мртов! Оваа сила, те тера да извршиш самоубиство, го вади од тебе најголемиот страв и безбеден си само ако си во темница и не ја гледаш.

Сандра, заедно со своите две деца, ќе проба да преживее, во целиот овој хаос, таа ќе бара безбедно место. Но, за тоа ќе мора да оди на дводневно патување, на слепо, со врзани очи, ќе тргне кон непознатото.

Што ќе се случи со овој драматичен трилер, со примеси на хорор, ке дознаеме откако продукцијата Netflix, ќе го прикаже на 21 декември.

Освен Сандра Булок, други актери во филмот се : Сара Полсон, Тревенте Родос и Џон Малкович. Режисер на филмот е Сузан Биер, а приказната е базирана според романот на Џош Малерман.

Сподели го ова преку:
  • 11
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk