Ким Катрел го стопираше снимањето на „Сексот и Градот“

Во најава беше третиот дел од филмот „Сексот и градот“ и според светските медиуми овој требаше да биде најдобар до сега. Но филмот нема да се снима поради една од актерите, односно станува збор за Ким Катрел (Саманта).

Ким Катрел - Сексот и Градот

Ким го стопираше снимањето на филмот. Таа побарала од продуцентот на филмот во Варнер Брос да и продуцира нејзини други проекти или нема да учествува во „Сексот и Градот“. Продуцентот ги одбил нејзините барања. „Па не е она Џорџ Клуни“, рекол тој.

Ким Катрел - Сексот и Градот

Но исто така, одбил да го снима и „Сексот и градот“ ако не учествуваат сите четири актерки. Фановите сакат да ги гледаат сите четири, со трите филмот ќе биде катастрофален. Другите три актерки, меѓу кој и Сара Џесика Паркер веќе ги потпишале договорите за третиот дел.

Сексот и Градот

„Сценариото беше одлично, луѓето ќе го обожаваа филмот, но Варнер Брос неможеше да ги исполни смешните барање на Ким“

„Многу е тажно што фановите нема да гледаат уште еден добар филм со нивните четири омилени актери“ велат од продуценската куќа. Филмот требаше да започне со снимање овој месец.

Сексот и Градот

Како за потсетување, првите два филма од серијалот „Сексот и Градот“ имаа многу голем успех, првиот заработи 400 милиони долари додека вториот 300 милиони долари, се очеуваше третиот да ги помине и двата во заработувачката.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

error: Содржината е заклучена!