Филм за книгата на Агата Кристи – Куќата на злотo

За сите љубители на Агата Кристи, наскоро филм за криминалистичкиот роман и бестселер „Куќата на злотo“.  Агата Кристи има изјавено ако некогаш се направи филм за моите книги, би сакала тоа да биде за „Куќата на злотo“ и „Несреќата на невините“.

Агата е почината од 1976 година, но благодарение на адаптацијата на нејзините романи во филм, таа постојано е актуелна.
Дејвид Суше , 24 години го глумеше Херкул Поаро, познатиот белкиски детектив од романите на Агата, но серијалот заврши во 2013 година. Сепак BBC продолжи да снима филмови со многу помрачна содржина.

Такви филмови се: „The Witness for the Prosecution“, од 2015 и 2016 година со Ким Катрел ( Саманта од Сексот и градот) и „And Then There Were None” со Ејдан Тарнер. Овие филмови не беа класични, на кои кои биле навикнати вашите баби и дедовци.

Обожавателите на книгата „Убиството во Ориент Експрес, сигурно се во исчекување, на филмот за кој премиерата е закажана на 03.11.2017. Во главните улоги во овој филм ќе ги гледате, Џони Деп и Мишел Фајфер.

murder-on-the-orient-express

Додека бомбастично се најавува овој филм, Sony заврши уште еден филм од романите на Агата Кристи, со многу познати актери.  Овојпат станува за книгата Куќата на злотo (Crooked House) во кој главните улоги ќе ги играат, Глен Клоус, Џилијан Андерсон и Кристина Хендрикс.

Светската премиерата на филмот е закажана на 22 декември во Британија, но предходно ќе биде прикажан за прв пат во Шпанија на 20 октомври, додека во Германија ќе го гледаат наредната година.

Додека овој филм пристигне во Македонија погледнете го трејлерот.

Сподели го ова преку:
  • 18
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk