Двејн Џонсон и Џејсон Статам, во нова акција

Пристигнува нов филм, го имаме првиот трејлер спиноф од познатата акција “The Fate of the Furious” 

Овие двајца актери, заедно ќе се здружат против криминалецот Брикстон, кој го глуми Идрис Елба. 

Ова филмско остварување е на режисерот Давид Лич. Насловот на филмот е “Hobbs & Shaw”, а премиерата ќе ја очекуваме на 2 август 2019 година.

Статам, вели дека уживал да го снима овој филм и овој филм го опишува како мешавина од акција и комедија. Вели дека публиката може да види многу откачени и смешни сцени.

Ова ќе биде првиот филм кој е направен по франшизата на “Fast and Furious”, а во него го нема најважниот лик, а тоа е Вин Дизел. Одамна американските медиуми шпекулираа дека Џонсон и Дизел, не се во добри односи и дека додека снимале често имало конфликти помеѓу нив двајца.

Во продолжение погледнете го трејлерот:

Сподели го ова преку:
  • 1
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!