Џеки Чен и Крис Такер – Rush Hour 4

Актерот Крис Такер сподели фотографија каде покажуваат четири прсти заедно со легендарниот Џеки Чен, најавувајќи го четвртото продолжение на популарниот филм „Rush Hour“.


Тие сé уште не објавија повеќе информации за изработката на филмот, но истакнаа дека проектот ќе се реализира.

Крис Такер изјави дека му е многу важно што филмот ќе се изработи, бидејќи бил заглавен во долгови за неплатен данок уште од 2014 година, така што мора да направи 14 милиони долари за да го врати долгот.

Џеки Чен сака да му помогне на својот добар пријател и колега, но тоа сака да го направи на најдобар можен начин, со тоа што ќе даде сé од себе за филмот да биде ште подобар од замисленото.


„Не сум воодушевен од овој филм, но изгледа дека добро се продава во САД и Европа, тогаш зошто да не го снимаме?“, изјави Џеки Чен во едно интервју додавајќи дека има желба, изработката на овој филм да започне што поскоро, бидејќи се чувствува премногу стар за изведба на акциони сцени.

Да ве потсетиме, Џеки Чен во 95% од акционите филмови каде бил главна улога, тој самиот за себе бил каскадер, за разлика од другите актери каде што во тој случај се појавуваат изнајмени каскадери, а сцените се монтирани.

Џеки Чен - Ѕвезда на Булеварот на Славните - Walk of Fame

Поради тој факт, Џеки Чен е еден од најдобрите акциони актери во светот на сите времиња, а се запиша и на (Walk of Fame) шеталиштето т.е Булеварот на Славните, односно, ја доби својата ѕвезда во 2002 година, која се наоѓа на неколку чекори, поточно, на 7 метри до главниот влез на театарот Кодак, каде што се доделуваат најпопуларните награди во филмската индустрија – Оскар.

Сподели го ова преку:
  • 34
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!