Блејк Лајвли најдобра пријателка која не сакате да ја имате

Блејк Лајвли, во новиот филм „A Simple Favor“, глуми пријателка која не сакате да ја имате.

Интересна и мистериозна приказна ни пристигнува во септември во кино салите. Во главните улоги ги имаме Ана Кендрик и Блејк Лајвли, кои се запознавуваат во филмот преку своите деца. Блејк ја прашува дали пие алкохол она или нејзиното дете што на Ана ова и изгледа интересна средба и започнуваат дружба.

филм

Тие се дружат се додека Блејк која во филмот е Емили не ја замоли Ана (Стефани), да и направи една мала услуга, да дојде кај неа, Стефани доаѓа и сфака дека се губи секаков траг од Емили.

Таа заедно со сопругот на Емили, започнуваат да ја бараат насекаде. Во тој момент Стефани дознава дека, Емили не таква каква што ја познава. Почнува да се плаши од неа и мисли дека е дух што ја демнее.

Кога ќе го погледнете трејлерот на овој филм сигурно прво ќе ве потсети на  Gone Girl, но дали ќе го има истиот успех останува да чекаме до септември.

Сподели го ова преку:
  • 2
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!