Амазон ги купи правата за снимање на ТВ серија „Господар на прстените“

Амазон ги доби права за снимање на ТВ серија “Господарот на прстените”, врз основа на фантастичната приказна на Џон Роналд Рејл Толкин, најавувајќи неколку сезони од серијата, а постои и можност за снимање на spin-off серија.

господар на прстените

Трилогијата, снимена на почетокот на 2000 година во Нов Зеланд, во режија на Питер Џексон, заработи околу 3 милијарди долари и освои 17 Оскари. Од Амазон не објавија точно колку платиле да ги имаат правата, но се проценува дека се околу 200 милиони долари.

господар на прстените

Серијата нема да ги прераскажува приказните кои имавме прилика да ги гледаме во трилогијата на режисерот Питер Џексон. Туку гледачите ќе имаат можност да ги видат приказните што претходат на приказната на „Господар на прстените“, односно романот на тој се темели првата адаптација на Џексон. Амазон очекува глобален хит како популарната HBO серија „Игра на тронови“ вели директорот на Амазон, Џеф Безос.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk