Решете се од лошиот мирис на цигари во домот

И да сте пушач, сигурно ви пречи мирисот на цигари, решете се од лошиот мирис во домот.

Колку и да сте страствен пушач, мирисот на цигари е нешто кое на сите ни смета, а знае да навлезе во сите „пори“ на вашиот дом. Доволно е една цигара да испушите дома и да ви мириса домот. Па, веќе ако неможете да се откажете од овој порок, тогаш, можеме барем да ви помогнеме да ви мириса убаво домот.

сода

Сода бикарбона

Ова универзално средство за чистење е одличен и за лошиот мирис од цигари. Доволно е секаде, каде што ви мириса на цигари да ставите сода, да оставите да стои цела вечер и сабалје да исчистите. Се разбира најмногу помага на пепелници, столови, килими.

Лаванда кеси

Ако сеуште не сте ставиле вреќа со лаванда во вашиот орман за гардероба, веднаш треба да го направите тоа, особено ако сте пушач. Се разбира, облеката после излегување, прво оставете ја на балкон,  потоа вратете ја во гардероберот.

оцет

Оцет

Го знаете советот од нашите баби, дека оцетот дезинфицира сè во станот. Тоа е точно, особено мирисот од цигари низ домот. Ставете оцет во мали теглички и поставете ги насекаде низ домот. Тоа ќе го неутрализира мирисот од цигари. Се разбира, потоа отворете  ги прозорците да се изветрее мирисот од оцетот.

 Песок за мачки

Можеби не ви се верува, но ако чувате мачка пробајте. Ставете од песокот за мачки во пепелник и мирисот ќе го снема веднаш.

сијалици

Сијалици

Уште еден невообичаен трик, но ефикасен. Значи, додека светилките се ладат, попрскајте ги со малку парфем. Кога ќе се загреат, во станот ќе се шири пријатен мирис на парфем. Звучи одлично, нели?

Сподели го ова преку:
  • 9
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk