Тренди гарнитура, која може да се вклопи во секој дом

Флексибилната гарнитура на „Avant-Après“ од дизајнерот „Sergio Bicego“ претставува иновативен проект.

Оваа тренди гарнитура, со своите меки и заводливи форми, импресионира со многубројни можности за трансформација. Благодарение на уникатен потпирач за раце, таа може да се постави на различни позиции.

гарнитура
Гарнитура е дизајнирана да се прилагоди за потребите на луѓето, од удобна фотелја може да се претвори во место каде ќе одмарате, ќе се дружите со пријателите или ќе читате.
Ефективен додаток е и дрвената сталажа, која е сместена во седечкиот дел и служи како биро, за складирање весници, книги и слично.

гарнитура

Кога е во прашање бојата на гарнитурата, располагаат со широка палета на бои. Материјалот и навлаките се вадат, можете да ги исперете и е лесна за одржување.

гарнитура

гарнитура

гарнитура

 

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  • 2
error: Содржината е заклучена!