СПА центар – Инспирација за канцелариите на Гугл

По шареното седиште во Цирих, Амстердам и Тел Авив, Гугл постојано е во потрага по нови идеи за дизајнот на канцелариите.

Графасел Дизајн Студио ги уредија канцелариите на Google во Будимпешта кои се базираат на интригантна тема, СПА центар. Во Будимпешта се наоѓаат повеќе од 500 извори и со тоа го оправдува угледот на СПА град, а со тоа и не е случајно избрано вака да изгледаат канцелариите на Google.

Спа Центар - Канцеларија на Гугл во Будимпешта

Сигурно ги знаете добро познатите термални бањи во Будимпешта Széchenyi и Gellért, па според нив се дизајнирани и канцелариите. Будимпешта е град кој се гордее со деветте златни олимписки медали и три златни медали во ватерполо на светски првенства и сето тоа беше земено предвид во дизајнирањето на канцелариите сè со цел да се создаде паралелност меѓу спортски и натпреварувачки дух во светот на бизнисот.

Секоја просторија од канцелариите има своја тема. Во концептот се вклучени разновидните бањи, сауна и парна бања како и арената за ватерполо и отворената плажа. Во дизајнот умно се искористени рециклирани материјали како што се палети и останати материјали од градежништвото.

Сподели го ова преку:
  • 2
  •  
  •  
  • 1

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!