Рајскиот апартман на Ава Гарднер

Легендарната американска актерка Ава Гарднер до својата смрт живеела во Лондон, во ексклузивниот и престижен кварт Најтсбриџ. Петособниот апартман, кој Гарднер го нарекувала „Мојот Рај“, моментално се издава за околу 680.000 фунти годишно.

Источната страна од апартманот на Ава Гарднер

Луксузниот апартман има две големи дневни соби, студио, модерна кујна, трпезарија, пет бањи, две спални соби и две гостински соби. Апартманот е реновиран и опремен во согласност со денешните потреби за живот во него. Исто така, има и прекрасен поглед на приватниот двор пред зградата. Гарднер во него живеела скоро 30 години.

„Ја обожавам историјата на својот дом во Лондон. Некои луѓе зборуваат дека е преголем за мене, но јас едноставно сакам пространост“ – рекла некогаш легендарната Ава Гарднер.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  • 2

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk