Луксузната куќа на Кети Пери вредна 9.5 милиони долари

Објавени се фотографии од луксузната вила на популарната американска пејачка Кети Пери во Лос Анџелес.

Луксузниот дом на Кети Пери

Светските медиуми пишуваат дека куќата има вредност од 9,5 милиони долари и дека станува збор за спојување на четири различни објекти – главниот дом е во медитерански стил, двократни куќи за гости со гаража, еден дел предвиден за фитнес и специјално опремен дел за безбедносните системи и персоналот задолжен за безбедноста на вилата.

Луксузниот дом на Кети Пери

Покрај тоа, објектот има базен, надворешен бар, камин и фонтана и два хектари земјиште. Холивудскиот дом на Кети Пери е сместен во луксузната населба „Outpost Estates“. Изграден е во 1954 година и претставува одличен дом за големо семејство, но и за оние кои сакаат да уживаат во луксузот.

Куќата на Кети Пери е веќе на продажба неколку недели, а таа одлучила да ја продаде, бидејќи не сакала да живее долго време на исто место.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  • 1

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!