Јајца декорирани со привремени тетоважи

Доаѓа Велигден, наш предлог се несекојдневни јајца, декорирани со привремени тетоважи.

До пред некое време зборевме за украсување на домот за новогодишните празници. Но, сега доаѓа пролета, а Велигден е само за неколку дена. Така, да ако немате многу време за вашите велигденски јајца ние ви нудиме еден многу лесен и едноставен начин на украсување.

И тоа е тоа! Треба да признаете дека ова е неверојатно лесна процедура, која носи неверојатни резултати!

Јајца украсени со привремени тетоважи се проектот за кој ќе пишуваме овој пат.  Како што ќе можете да погледнете од сликите ќе видите дека јајцата се многу интересни, декоративни, а во исто време е многу лесно да се создадат.

Всушност, најтешкиот дел од овој проект е само варењето на јацата. Ако сте љубител на тетоважи, сигурно оваа идеја многу ќе ви се допадне. Тука имате милион можности, да најдете различни видови на привремени тетоважи да направите различни декоративни јајца.

Во овој проект креаторот, користел најмногу тетоважи со пеперутки, како симбол на пролета. Но ваше е што сакате да ставите.

јајце

Што ви е потребно за овој проект:
Варени јајца

Привремени тетоважи

Влажна крпа

јајце

Најпрво јајцата треба да ги сварите, но можете да ги сварите и во некоја боја. Пред да започнете со работа, проверете дали јајцата се целосно суви, бидејќи тоа ќе значи многу за примена на привремените тетоважи. Отстранете го пластичниот слој од тетоважата и ставете го лицето на тетоважата надолу врз јајцето. Потоа земете влажна крпа и натопете ја тетоважата, само немој да претерате.

јајце

Кога ќе бидете сигурни дека тетоважата е залепена, тргнете ја крпата, извадете ја хартијата од јајцето.

јајце

И тоа е тоа! Треба да признаете дека ова е неверојатно лесна процедура, која носи неверојатни резултати!

јајце

Сподели го ова преку:
  • 7
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk