Дали ова е куќа од соништата?

Дали ова е куќа од соништата, ако ви се допаѓа може да ја изнајмите уште денес.

Кристијан Кован е дизајнер кој прави луди нешта, негови модни креации носеле, Бијонсе, Карди Б и Лејди Гага. Тој овој пат изненади со куќа, за некого ова е куќа од соништата, а за некој е тотален кич, Но, како и да е, тој со својот тим создаде, многу необично место во центар на град, необична куќа, која се изнајмува од вечер.

Оваа градска куќа била вистински предизвик, за дизјанер кој до сега изработувал само модни парчиња, инспирација за куќата добил од својата последна модна колекција, интересни кроеви со многу светки. “Имав многу забава во дизајнот на градската куќа – за првпат мојата визија, ја пренасочив во удобен дом за живеење.“

Веројатно тешко да се замисли, но оваа куќа е буквално е најсветкавата куќа во светот, се е со светки, од под, до завеси, па дури и скалите на лизгање светат. Куќата ќе може да ја изнајмат максимум двајца луѓе и тие ќе бидат добредојдени со добредојден пакет полн со вкусни пијалоци и закуски, како и игри кои ќе можат да се забавуваат за празниците. Дополнителна придобивка е тоа што ќе имаат можност да уживаат во новата колекција на Кован, се разбира ќе може само да ја пробуваат додека се таму, нема да ја добијат на подарок.

Интересна работа е што оваа куќа која се наоѓа во центарот на Лондон, може да ја изнајмите уште денес. Местата се ограничени, имате само три слободни термини за да можете да престојувате во куќата на само еден ден тие се на : 7, 8 и 9 декември. Цената на ноќевањата е 99 евра, а ако сакате да го резервирате ова искуство, можете да го направите денес за 7 декември, 27 ноември за 8 декември и 3 декември за 9 декември.

Сподели го ова преку:
  • 1
  •  
  •  
  •  
грешка: Содржината е заклучена!