Банки на Иднината

Вака треба да изгледаат сите банки во светот. Ефикасни, модерни и технолошки спремни, банки во кои нема повеќе да постојат долги редици за чекање, кои ќе бидат заменети со луксузни простории што наликуваат на „lounge“ барови.


Банки на Иднината

Покрај услугата која ќе ја вршат различни машини и компјутери, вработените во овие банки ќе бидат во самиот фокус и клиентот ќе биде лице чиј комфор ќе биде приоритет број еден!

Банки на Иднината

„Банкарската филијала ќе мора да биде дизајнирана за да ги задоволи клиентите кои се најважниот фактор“ – изјавил Мартин Шајрес, еден од иноваторите на компанијата NCR која се занимава со транзиција на деловните простории како што се банките.

Интернет банкарството направи голем замав во последно време, па затоа банките бараат секаков можен начин за да ги задржат клиентите во своите простории, а со самото тоа расте побарувачката на банките за иновација.

„Банките мора да покажат гостопримство на клиентите во истиот момент кога тие ќе влезат во објектот“ – рекол Шајрес.

Катарската банка „Barwa Bank“ има имиџ кој сите банки треба да го следат доколку се заинтересирани да го задржат клиентот кој не смее да чека на ред во нивните простории.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  • 2

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!